Поврзете се со нас

Свет

Фергусон за тимот кој не сака повторно да освои титула: Секогаш се надевам на триумф…

Објавено

на

Веќе сме во последната фаза во оваа сезона во која секако најмногу внимание одново предизвикуваат најдобрите, најквалитетните Топ 5 шампионати во Европа.

Во Премиер лигата имаме изедначена трка за титулата меѓу Арсенал, Ливерпул и Манчестер Сити, во Италија и Франција имаме убедлива предност на Интер и ПСЖ пред конкурентите, додека пак Реал Мадрид и Баер Леверкузен се водечки тимови во Шпанија и Германија.

Секако најголемо изненадување од сите овие е Леверкузен кој има плус десет во однос на најдоминатниот тим во Бундеслигата, Баерн Минхен. Легендарниот Сер Алекс Фергусон се надева дека така ќе остане и аутсајдерот на крајот ќе триумфира.

-Секогаш се надевам дека ќе видам победа на аутсајдерот. Навивачите на Баерн можеби не се согласуваат со тоа, но како и сите неутрални навивачи во Германија, навистина се надевам дека повторно ќе видам некој друг да ја освои лигата,- истакна Ферги за официјалниот веб сајт на Ајнтрахт Франкфурт.

Воедно тој посочил дека неговата Шкотска сигурно нема да загуби од Германија на ЕП.

-Нема шанси (се смее). Ќе го гледам тој натпревар во живо. Морам да го видам. Шкотска не е толку лоша, знаете. Имаат добри играчи од средниот ред, двајца добри бекови. Само напаѓачката позиција е тешка во последните неколку години. Шкотските навивачи ќе бидат фантастични, -порачал Фергусон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни