Англија
Фердинанд шокиран од потегот на Антони: Очигледно не знае каде се наоѓа! (Видео)
Манчестер Јунајтед со доза на голема среќа се пласираше во финалето на ФА Купот, откако мораше да преживува драма и да испушти предност од 3:0 пред да го победи Ковентри во пенал рулетот.
Англискиот великан имаше повеќе нерви во ударите од 11 метри и славеше со 4:2, но по мечот на „Вембли“, многумина зборуваа за катастрофалната реакција на Антони кој им фаќаше сеир на фудбалерите на Ковентри веднаш по завршниот гол на Хојлунд.
Бразилецот наиде на жестоки критики во јавноста, а во низата се приклучи и Рио Фердинанд кој се огласи преку својот јутјуб канал, а видеото го сподели и на Твитер.
– Антони вчера…….. Засрамувачки! Ќе можам да разберам да се фаќаш за уво ако играш против голем ривал и ако си бил дел од сите жестоки моменти на мечот, но ова не можам…… Очигледно не го разбира опкружувањето, не знае каде се наоѓа, играше против Ковентри.
– Чувствувам дека имаме играчи кои не сфаќаат каде се наоѓаат, потребно ви е добро менаџирање на одредени ситуации. Се надевам дека еден од староседелците како Рашфорд и Бруно му кажале дека тоа не смее да се прави во Јунајтед. Имавме среќа што поминавме понатаму, беше засрамувачки тоа што се случи, – вели Фердинанд.
Antony yesterday…. Embarrasing!
“That don’t happen here man” pic.twitter.com/Rf2qQ6AJHj
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) April 22, 2024
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП4 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија3 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон