Поврзете се со нас

АТП

Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Денеска е ден за машките полуфиналиња на Вимблдон, програмата ќе ја отворат Тејлор Фриц и Карлос Алкарас, а потоа на сцена ќе стапат Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.

Соочувањето меѓу Италијанецот и Србинот носи далеку поголемо внимание и сите тениски фанови со нетрпение ја очекуваат разврската од дуелот меѓу најдоброт на светот и играчот кој има најмногу освоени пехари на гренд слем турнирите.

Навистина е тешко да се прогнозира за тоа кој ќе се пласира во финалето, па дури и на еден Рожер Федерер му беше тешко да се одлучи и по долго размислување го избра Ѓоковиќ.

Од друга страна пак Тим Хенман верува дека Синер ќе ја има улогата на фаворит.

-Мислам дека Синер е фаворит пред овој натпревар. Имаше одредена загриженост за неговиот лакт, но тој успеа да крене нивот. Се чинеше дека се чувствува многу удобно на теренот, освен во натпреварот против Димитров. Тие се познаваат многу добро, деталите ќе бидат многу важни.

-Ова е полуфинале кое им го одзема здивот на сите, многу возбудлив натпревар. Во текот на денот треба да бидете подобри само од еден играч, Ѓоковиќ беше подобар од Коболи, но тој знае дека ќе мора да го подигне нивото. Кога станува збор за полуфиналиња во кои Новак играл толку многу пати, тој е тип на играч кој може да се издигне. Тоа ќе му треба за да се справи со Синер, -вели некогашниот најдобар британски рекет.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни