Поврзете се со нас

НБА

Фаул на денот во НБА лигата: Потегот на Инглс стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Орландо ја продлабочи мизеријата на Сан Антонио и оствари победа на гостински терен со резултат 98:108, а од овој натпревар ни пристигна и најкомичната сцена од најновиот натпреварувачки ден.

Јунак на вечерта беше одбранбениот играч Џон Инглс од редовите на Орландо, кој иако има лимитирана минутажа, сепак доби доволно шанса да се истакне со една дефанзивна техника.

Џеди Осман се најде во навистина непријатна и несекојдневна слика во дадената ситуација, па иако го доби тоа што го сакаше, фаулот стана вирален поради начинот на кој Инглс го собори својот ривал.

Кошаркарот од Нов Зеланд не запиша ниту еден поен за 15 минути кои ги мина на паркетот, додека охриѓанецот Осман имаше 8 поени и 3 асистенции.

Со најновиот триумф, Орландо се зацврсти на седмото место на Истокот, додека Сан Антонио е последен на западот со биланс од 10 победи и 38 порази.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни