Светски првенства
Фасцинантен материјал: Видео кое открива како Пујол ја „нацртал“ акцијата за историскиот гол против Германија
Карлес Пујол цели 15 години беше дел од првиот тим на Барселона и мина незаборавни моменти на клупски план, но истото важи и за репрезентативната кариера во која одбележа успеси кои ја променија историјата на шпанскиот фудбал.
Пујол како лидер во одбрната на „фуријата“ ја освои Европската титула во 2008-ма година, а две години подоцна пристигна уште поголем успех, кога тимот предводен од Висенте Дел Боске ја освои светската титула во Јужна Африка, победувајќи ја Холандија во големото финале.
Пред завршниот дуел на мундијалот, Шпанија во полуфиналето имаше навистина тежок натпревар против Германија, дуел кој го реши токму Карлес Пујол со фантастичен удар со глава за победа од 1:0.
Во документарецот направен од страна на „Амазон Прајм“, а посветен токму на Светското првенство во Јужна Африка, Пујол потенцира дека сите го паметат по тој погодок и покрај тоа што цели 15 години го бранеше својот гол, но навистина фасцинантно е да се види дека Карлес всушност ја „нацртал“ акцијата еден ден претходно.
На видеото е прикажано како Пујол им ја објаснувал акцијата во која Давид Вилја треба да биде во петерецот, а тој, Рамос и Пике да добијат шанса за скок и одлична прилика за погодок.
– Тоа беше акција која ја имавме во Барслеона и му ја искоментирав на Висенте Дел Боске откако анализирав како Германеците бранат корнери. Вилја требаше да биде најблиску до голманот, а јас, Рамос и Пике требаше да се уфрлиме од позадина. Цели 15 години се бранев, но ме паметат по еден гол, – вели Пујол.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план