Поврзете се со нас

Шпанија

Фантастична одбрана на Димитриевски и прекин поради град, Рајо и Кадис го одиграа најоткачениот меч во Ла Лига (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RayoVallecano

Натпреварот меѓу Рајо Валјекано и Кадис се одигра во најтешки и најоткачени услови во тековната натпреварувачка сезона во Примера, бидејќи невремето кое го зафати Мадрид направи актерите на теренот да имаат неверојатно пеколна задача, пред да бидат испратени во соблекувалните од главниот судија.

Првото полувреме не наговестуваше дека може да дојде до таков пресврт во временските услови, а во овој период видовме и една фантастична одбрана на Столе Димитриевски кој спречи чист гол на Макси Гомез.

На стартот на вториот дел, Столе го неутрализираше и Собрино, а по 15 минути игра судијата ги испрати играчите под трибините откако почна да паѓа град и да дува силен ветар.

После десетминутна пауза, играчите се вратија на теренот и доиграа во навистина несекојдневни услови, но интересно е тоа што видовме и по еден гол во двете мрежи.

Лежен донесе водство за Рајо во 89-та минута, но поради долгото продолжение, Кадис имаше шанса да израмни и го направи тоа преку Ернандес во 103-та минута.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни