Италија
Фабрегас откри дека една подзаборавена премиерлигашка ѕвезда ќе почне да тренира со Комо

Комо запиша многу важна победа во борбата за опстанок и славеше триумф над Рома со два гола постигнати во судиското надополнување, епилог кој дефинитивно беше награда за тимот на Сеск Фабрегас кој цел меч се обидуваше да постигне погодок во мрежата на гостите.
Иако изгледаше дека Рома ќе успеа да го оствари тоа по кое дојде во Комо, на крајот видовме два погодоци во мрежата на Свилар и големи три бода за момците на Сеск Фабрегас, кои набрзо ќе добијат уште едно добро познато име на тренинзите.
Фабре по победата над Рома откри дека посетата на Деле Али на трибините не била случајна, бидејќи клубот има за цел да му даде шанса на подзаборавената премиерлигашка ѕвезда која некогаш важеше за најголем талент во Тотенхем.
Кариерата на Деле Али доживеа страшен пад во последните неколку години, па сега во период кога е без клуб, италијанскиот калчолигаш решил да му подаде рака на Англичанецот такашто ќе го активира на своите тренинзи.
– Вчера се запознав со Деле Али и водевме разговор. Не сакам да зборувам јавно за ова, но постои шанса тој да ни се приклучи на тренинзите после Божиќ. Да видиме како ќе се одвива тоа, нашата цел му е да помогнеме да се врати во форма. Тоа е првичната идеја и нема ништо повеќе од тоа, – изјави Фабрегас.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…