Англија
Езе му ги расипа плановите на Челси, Њукасл се израдува на победа против Тотенхем (Видео)

Челси одигра одлично прво полувреме против Кристал Палас и го однесе мечот во посакуван правец, но сепак не ја искористи доминацијата онолку колку што можеше.
„Сините“ постигнаа гол преку Џексон и заслужено поведоа на семафорот, но еден гол позитива никогаш не е гаранција за победа во фудбалот, нешто што брзо стана јасно уште на стартот на вториот дел.
Езе со прецизен шут го неутрализираше голот на Џексон и донесе израмнување на семафорот, а тоа се покажа како доволно да се одбрани резултатот до самиот крај и да се освои бод на „Стемфорд Бриџ“.
Играчите на Кристал Палас му ги расипаа плановите на Енцо Мареска и Челси повторно влегува неубедливо во новата сезона, бидејќи по првиот пораз и првата победа, сега дојде и првото реми.
На вториот меч во терминот од 14:30 часот, Тотенхем во голем дел од мечот беше подобар тим од Њукасл, но доминацијата не ја преточи со постигнати голови, па на крајот претрпе пораз, прв од стартот на сезоната.
Барнс го отвори резултатот во 37-та минута, Брн со автогол ја врати неизвесноста на теренот, но Њукасл повторно беше поефикасен и ја искористи својата шанса преку Исак за 2:1 и победа на „Ст. Џејмс парк“.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон