Игри на среќа
„Евротип“ ги награди своите вработени за нивниот 10-годишен работен јубилеј

Компанијата „Евротип“ која успешно опстојува на пазарот веќе 10 години и е дел од „КС Групацијата“ започна со доделување на јубилејни награди за своите вработени.
Лојалноста и посветеноста на вработените се непроценливо богатство за секоја компанија, а „Евротип“ може да се пофали со голем број вработени кои ја градат својата кариера во компанијата и придонесуваат за нејзин раст и развој.
Во текот на месец март претставници од менаџерскиот тим на компанијата организирано ги посетија организационите единици во Прилеп, Битола, Кичево и Кавадарци, во кои имаат вработени со 10 годишен стаж. Десет години лојалност и посветеност кон компанијата не е само број, туку вистински израз на приврзаност на вработените кон самата компанија. На вработените од Прилеп – Влатко Стојаноски, Николина Ѓоргиеска, Грозданка Мазароска, Драгиш Димоски, Љупка Коста, Деан Наумоски, Анета Талеска и Јасмина Јошеска, потоа во Битола – Даниела Тодорова, Светлана Митровска, Ана Митковска и Билјана Зајковска, во Кичево – Маријана Данилоска, Снежана Николоска и Николина Панделеска, и во Кавадарци – Павлинка Димова и Пенелопи Гурева, кои се дел од компанијата од нејзиниот почеток, „Евротип“ им додели плакети, парични награди и вредносни ваучери кои можат да ги искористат во „Голд Фелициа“, „ЈК Травел“ или „Минт ИНС“, како знак на благодарност за нивната посветена работа и вложен труд во деловниот процес на компаниското работење.
Вработените се лицето на компанијата кое е видливо за клиентите и надворешниот свет. Ниту една компанија не би можела да опстои на пазарот без вработени кои веруваат во вредностите на компанијата.
„Евротип“ како општествено одговорна компанија исто како и останатите компании од „КС Групацијата“ – „Голд Слот“, „Голд Фелициа“, „Премиум Сејфти Солушн“, „77 Ентертејмент“ и „77 Софт“ ги цени и вреднува своите вработени.
Нивната посветеност, лојалност, професионализам и ентузијазам се вредности кои го прават нашиот тим посилен и поуспешен.
„Евротип“ им честита за јубилејните награди на своите вработени, им се заблагодарува за нивниот придонес кон работата и им посакува уште долги години на соработка и заеднички раст.
-
Италија5 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија6 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија8 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Англија7 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Балкан4 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Свет2 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Свет4 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!