Англија
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер

Медиумите во Англија пренесуваат дека фудбалерот на Норвич, Макс Аронс е трансфер цел на најголемите тимови од Европа.
Десниот бек кој лани беше стандарден и во Премиер лигата со своите константни настапи го привлече вниманието на најголемите тимови, не само од Англија туку и од Европа.
За Аронс најсериозен интерес постои од Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, а неговите настапи ги следат и од Борусија Дортмунд, Барселона, Рома и Евертон.
Манчестер Јунајтед сака да донесе конкуренција за Арон Ван Бисака кој досега е неприкосновен на оваа позиција во клубот, додека пак Баерн Минхен бара решение за десната бековска позиција на која клубот го има само Бенџамин Павар.
Првичните информации говорат дека Аронс не е подготвен да ја напушти Англија, па ќе се согласи на трансфер или во Манчестер Јунајтед или во Евертон, но останатите клубови не се откажуваат од намерата да го ангажираат младиот фудбалер пред кого се предвидува блескава иднина.

- Италијапред 17 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 17 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 16 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 14 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)