Поврзете се со нас

Свет

Европскиот шампион кој не доби шанса од Дешамп: Имав непријатни разговори со него

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Ајмерик Лапорт ги мина сите младински селекции во Франција и беше капитен на тимот во секоја од нив, па иако на двапати беше повикан и од Дидие Дешамп, никогаш не доби вистинска шанса во најсилниот тим на „триколорите“.

Поради тоа, Лапорт реши да ја промени репрезентацијата и да заигра за Шпанија, а тоа се покажа како вистински потег за него бидејќи не само што стана стандареден стартер, туку и се претвори во европски шампион.

Лапорт ги доживеа најдобрите репрезентативни моменти како член на „црвената фурија“, па сега не жали премногу за тоа што не доби шанса од Дидие Дешамп со кого призна дека имал и нарушен однос.

– Виситина е дека бев дел од францускиот тим, а потоа веќе не добив повик. Тоа се должеше повеќе на лични односи кои не функционираа. Не можев повеќе да ја чекам Франција, минуваа годините и не играв репрезентативен фудбал. Морав да донесам одлука и ја избрав Шпанија. Неколку години подоцна, многу сум задоволен од одлуката која ја донесов. Се препознавам во шпанската репрезентација, играта во Шпанија прилега на мојот стил и тоа се покажа како добра комбинација.

– Дешамп? Имавме низа разговори кои не беа воопшто пријатни. Таа приказна е завршена за мене, воопшто не ни сакам да размислувам на тоа, – открива Лапорт.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни