Одбојка
Европскиот шампион е друга димензија: Одбојкарите загубија од Италија во осминафиналето во Бари

Македонската одбојкарска репрезентација претрпе пораз од Италија од 3-0 во осминафиналето на Европското првенство.
Уште пред натпреварот беше јасно дека „аѕурите“ како одбојкарска велесила и бранители на титулата се апсолутни фаворити на пресметката во Бари, а тоа го потврдија и на теренот.
Нашиот национален тим има добар прв сет во кој му парираше на домаќинот, поточно истиот заврши со 25-20. Во продолжението од дуелот Италијаните беа далеку подоминатни, го потврдија квалитетот и со 25-12, 25-15 обезбедија место во наредната фаза во која ги очекува дуел со подобриот од Холандија-Германија.
Со ова завршува приказната на избраниците на Миленкоски на овој континентален собир, ЕП на кое „спартанците“ испишаа историја и за прв пат го одведоа националниот состав во Топ 16, поточно меѓу најдобрите на стариот континент.
Љафтов со 10 и Ѓоргиев со 9 поени беа наши најдобри поединци во Бари.
-
Италија14 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија15 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија16 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет13 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија16 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија8 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП7 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Италија9 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина