Евролига
Евролига: Црвена Звезда настрада во Минхен, Панатинаикос го преслуша очајниот Реал

Црвена Звезда има се повисоки стремежи во сезоната во која игра одлична кошарка во Евролигата, но во директната битка за петтото место на табелата, избраниците на Сферопулос вечерва потфрлија во Минхен.
Баерн му нанесе тежок пораз на српскиот шампион и успеа да слави во натпревар во кој постигна точно 100 поени, па на тој начин сега има една победа повеќе од шестопласираната Звезда.
Победата од 100:82 беше доведена во прашање само во првата четвртина во која Звезда беше за нијанса подобар тим, но во продолжение Баерн почна да го „меле“ противникот, до таа мера што имаше и 29 поени разлика во третата четвртина (77:48).
До крајот на мечот, домаќините малку се опуштија и дозволија Звезда да се избори за подостоен пораз, кој инаку е втор во низа во Евролигата.
Од одиграните натпревари вечерва, доста внимание привлече и репризата на минатогодишното финале меѓу Панатинаикос и Реал Мадрид, епизода во која одново подобар беше грчкиот великан.
Реал игра во очајна форма оваа сезона и веќе е надвор од местата кои обезбедуваат разигрување, па по неуспехот од 85:70 има ист биланс на победи и порази (14:14).
-
Италија19 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија14 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија11 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)