Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер се раздели со пет ракометари за време на прославата на шампионската титула (Фото)

Објавено

на

Филип Кузмановски како капитен на Еурофарм Пелистер најави дека шампионската титутла ќе се слави три дена, а на истекот на вториот ден, клубот организираше церемонија од која дел беа акционерите и спонзорите.

Битолскиот тим ја одбрани титулата и трет пат во низа стана македонски национален шампион во ракомет, па по остварениот огормен успех во Скопје, вчерашниот меч се покажа како последен за пет ракометари од првиот тим.

– Со завршна церемонија за акционерите и спонзорите на клубот, шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2024/25. Во пријатен амбиент и пред трофеите освоени оваа сезона, на присутните им се обрати претседателот Зоран Стерјев и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

– Потоа тренерот Раул Алонсо и капитенот Филип Кузмановски ги сумираа резултатите. На истекот на договорите нашиот клуб го напуштаат: Урош Борзаш, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Мохамед Шабиб Мамдух и Павле Петровиќ. Клубот им се заблагодарува за професионалноста и ангажманот и им посакува успех во следните предизвици.

– Тренерот Александар Зарков и директорот Горан Петровски ја заокружија славеничката сезона на Еурофарм Пелистер 2, кој по една година се враќа во Суперлигата како шампион во Првата лига, – гласи објавата на „зелено-белите“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни