Свет
Ето се извини за инцидентот, ама побара реакција и од властите во Алжир

Првиот човек на камерунскиот фудбал, Самуел Ето беше вклучен во еден инцидент по мечот меѓу Бразил и Јужна Кореја на Светското првенство, ситуација во која физички нападна еден фан кој го снимаше и следеше.
Ова однесувње на Ето предизвика големо внимание, па легендарниот напаѓач одлучи да се извини, но притоа побара реакција од властите во Алжир и фудбалската федерација на оваа земја.
-По натпреварот Бразил – Јужна Кореја влегов во жесток конфликт со лице кое веројатно е навивач на Алжир. И се извинувам на јавноста што ги загубив нервите и реагирав на начин кој не одговара на мојата личност.
-Од натпреварот Алжир-Камерун во Блида на 29 март, бев цел на навреди и обвинувања за измама без никакви докази. За време на овој Мундијал, навивачите на Камерун беа малтретирани од алжирски навивачи поради истата причина. Поразот на Алжир беше суров, но целосно во согласност со правилата и моралните принципи на нашиот спорт. Затоа, ги повикувам алжирските власти и Алжирскиот фудбалски сојуз да преземат одговорност и да стават крај на оваа нездрава клима пред да се случи посериозен или трагичен инцидент, -порача Ето.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар