Италија
Еспосито со мајсторија од слободен удар го шокираше грогираниот Милан (Видео)
Милан значително ослабен замина на госутвањето кај „давеникот“ во Серија А, но со новото лошо издание кое го прикажа на теренот, овозможи Специја да се надева на опстанок во последните три кола.
Повредените Бенасер, Леао, Круниќ, Месијас и Флоренци не можеа да му помогнат на тренерот Стефано Пиоли, кој очигледно премногу мислеше и на реваншот со Интер, што на крајот многу негативно се одрази на теренот.
Милан дефинитивно не е ист тим без Рафаел Леао и Исмаел Бенасер во стартната постава, па Специја со завршен налет успеа да профитира и да оствари огромна победа во обидот да се спаси.
Специја постигна два гола и победи со 2:0, а посебно убав беше голот на Еспосито од слободен удар со кој се зададе конечен удар за фаворитот од „Сан Сиро“.
Претходно, Висниевески погоди за 1:0 во 75-та минута, па Специја сега со 30 освоени бода е израмнета со Верона која е прва над зоната за испаѓање во Серија А.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија6 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч