Италија
Ернандез со „отровни“ зборови се збогуваше со Милан: Ова е клуб без вредности и амбиција

Францускиот репрезентативец, Тео Ернандез ќе има нов клуб во новата сезона и тоа е Ал Хилал од Саудиска Арабија.
Од 2019 година тој беше дел од Милан, клуб со кој освои Скудето, Супер Купот на Италија, односно одигра 262 натпревари со учинок од 34 гола и 45 асистенции.
Тој на социјалните мрежи се збогуваше, ама во исто време и упати отровни стрели кон актуелната управа на „росонерите“.
-Мојата одлука да заминам не беше лесна. Секогаш знаев каде сакам да останам, а Милан секогаш ми беше приоритет. Но, за жал, не сè зависи од една личност.Насоката што ја презеде клубот и некои неодамнешни одлуки не ги одразуваат вредностите, ниту амбицијата што ме доведоа тука. Ова е момент да се затвори едно поглавје и да се отвори друго, различно, но подеднакво важно за мене.
-Си заминувам со крената глава, бидејќи секогаш давав сè за овој клуб, работејќи со максимален напор и споделувајќи ги истите соништа како и овие навивачи. Си заминувам со полно срце и со надеж дека Милан наскоро ќе може да се врати таму каде што заслужува да биде. Милано секогаш ќе биде дел од мене. Форца Милан секогаш, -порача Тео.
View this post on Instagram
-
АТП23 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства24 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија1 час
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив