Италија
Ернандез има јасна идеја за тоа каде се гледа во иднина: Желбата е…

Тео Ернандез треба да биде еден од лидерите на калчолигашот Милан, но левиот бек не е на посакуваното ниво во тековната сезона, па на средбата со Џенова воопшто не доби ниту минута од тренерот Пауло Фонсека.
Јасно е што може Французинот да понуди на теренот, меѓутоа слично како и Рафаел Леао има проблеми со констатноста, постојаноста во играта од натпревар во натпревар што му носи негативни поени и критики во јавноста,
И покрај послабата форма тој е доста ценет на пазарот и повеќе екипи како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид…се заинтересирани за неговите услуги, но желбата на Тео е да остане во Милано и тоа беше уште еднаш посочено преку агентот Мануел Гарсија Киљон.
-Не зборувавме за нов договор туку за фискални прашања. Јасна е волјата да останеме и да ја продолжиме соработката, тоа го кажавме многу пати, -истакна застапникот на дефанзивецот кој даде краток коментар за тоа што Ернандез остана на клупата за резерви против Џенова.
-Тоа не се одлуки што зависат од него. Тој ги почитува своите соиграчи и кога играчот игра во една улога, другиот не игра. Тоа му се случи и на Леао, мора да го почитуваш изборот на тренерот, -заклучи Мануел Гарсија.
Играчот има договор до 30 јуни 2026 година.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план