Поврзете се со нас

Свет

Енрике нема дилеми околу „Златната топка“: Тој е далеку пред сите, играч…

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Пари Сен Жермен му одржа лекција на Реал Мадрид и обезбеди билет за големото финале на Светското клупско првенство каде за ривал ќе го има премиерлигашот Челси.

„Светците“ одиграа супер меч во кој комплетно го надиграа шпанскиот великан на кого му дадоа три гола уште во првиот дел, а во самата завршница на натпреварот стрелаше и Рамош за конечни 4-0.

Еден од играчите кој имаше и тоа како значен придонес во овој резултат беше Усман Дембеле со гол и асистенција, па тренерот Луис Енрике уште еднаш порача дека „Златната топка“ мора да заврши во негови раце.

-Го користевме како стартер за прв пат. Тој е играч како никој друг. Сè уште ја пронаоѓа својата форма, тој е најдобриот играч на сезоната, далеку пред другите. Заслужува да освои сè, бидејќи даде сè за овој тим. Би сакал да можам да му дадам трофеј на целиот тим, но Дембеле е некој што апсолутно ја заслужува Златната топка, -истакна Лучо.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни