Лига на шампиони
Елмас шокиран од случувањата на „Сан Сиро“: Вакво нешто никогаш немав видено!
Наполи дефинитивно има за што да жали по првиот четвртфинален дуел со Милан во Лигата на шампионите, бидејќи тимот на Лучијано Спалети не искористи ниту една од неколкуте зрели шанси кои ги имаше пред противничкиот гол.
Елиф Елмас и соиграчите го разбранија Мењон и францускиот голман имаше неверојатна партија, но покрај поразот од 1:0, лоша вест за Спалети и фановите на Наполи е тоа што тренерот на реваншот нема да може да смета на два клучни играчи.
Ангиса заработи црвен картон во 74-та минута поради втор жолт картон, додека стоперот Ким доби жолт картон и поради суспензија исто така ќе мора да паузира на реваншот на „Марадона“ стадионот.
Главен судија на натпреварот на „Сан Сиро“ беше Романецот Иштван Ковач, од кој крајно незадоволни беа речиси сите играчи на Наполи, меѓу кои и Елмас кој не го криел разочарувањето во разговорот со италијанските новинари.
– Навистина не знам што да кажам за судијата, тоа беше неверојатно. Тој свиреше се против нас, речиси сите добија опомени. Тие правеа фаули и не добиваа жолти картони, а ние постојано добивавме опомени. Вакво нешто никогаш немав видено, неверојатна ситуација на вака важен меч во Лигата на шампионите.
– И покрај се, јас верувам во полуфинале. Имаме силни играчи и силен тренер со цврст карактер. Спалети ќе знае што да прави на вакви натпревари. Да се насочиме на мечот кој го играме во Серија А, а потоа повторно ќе мислиме на Милан, – изјавил Елмас.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…