Поврзете се со нас

Македонија

Елмас ќе го носи дресот на „лавовите“ од Ѓорче Петров

Објавено

на

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ќе биде дел од македонската фудбалска елита во натпреварувачката 2025/2026, а како клуб со историја и традиција сака да има што подобри резултати и да остане во оваа конкуренција и во следната година.

„Лавовите“ почнаа да влечат потези кога се во прашање нови имиња, играчи кои ќе донесе дополнителен квалитет и конкуренција, па откако беше официјализирана соработката со Мартин Талаков и Дарко Глишиќ, скопскиот состав се засили и со талентираниот Мухамед Елмас.

Талаков и Глишиќ станаа „лавови“, Ристиќ потпиша за Пелистер

Мухамед е роднина (братучед) на Елиф, офанзивец кој има 19 години и има настапувано за сите млади селекции на Македонија. Тој во претходната кампања настапуваше за Гостивар, претходно беше дел од Работнички.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни