Поврзете се со нас

Македонија

Екс фудбалер на Шкендија потпиша за Воска

Објавено

на

Воска Спорт продолжи со активностите на трансфер пазарот каде успешно затвори уште една операција кога се во прашање засилувањата.

Во текот на вчерашниот ден Петар Бојо стана нов играч на дебитантот во ПМФЛ, додека пак денеска тоа се случи и со 33-годишниот Андре Менсалао.

Тој во минатото настапуваше во Македонија и тоа за Шкендија од каде по епизодите во Ерменија и Кипар се враќа во нашиот фудбал.

Менсалао е фудбалер од средината на теренот исто како и Петар Бојо што значи дека клубот од Охрид ќе биде доста освежен на овој дел од теренот за продолжението од сезоната.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни