Германија
Ѕвезда на Баерн со уникатен учинок: Три различни земји, десет национални првенства во низа! (Фото)
Томас Милер и Давид Алаба го надминаа легендарниот Франк Рибери и вчера ја запишаа својата десетта титула во Бундеслигата што е апсолутен рекорд, но покрај нивното фантастично достигнување, во фокусот се најде и играчот кој ја освои шестата домашна титула со Баерн Минхен.
Станува збор за француската фудаблска ѕвезда Кингсли Коман, која вчера беше дел од големата прослава на баварците, која пак на него му носи еден нависитна уникатен учинок, не само во Баерн, туку и во претходните клубови за кои играше.
Верувале или не, Коман ги освојува сите титули во националните првенства од првиот ден кога е професионалец, па иако е премногу млад, има освоено десет последователни титули во националните првенства во кои играше.
Иако во првите две сезони во ПСЖ одигра вкупно три натпревари, токму овие настапи му донесоа два трофеи во Лига 1, потоа освои уште две титули во Калчото како член на Јувентус, а сега стигна до магичната бројка од десет последователни титули откако со Баерн го завери својот шести трофеј во Бундеслигата.
Инаку, за Баерн како колектив, ова беше деветтат титула во низа во домашното првенство, со што уште еднаш ја потврди страшната доминација во Германија.
Kingsley Coman has now won TEN (🔟) league titles in a row 👑🤯 pic.twitter.com/Vai5hWKZGv
— 433 (@433) May 8, 2021
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)