Свет
Ѕвезда на Ајакс: Салма Хајек се обиде да ме убеди да потпишам за Рен
Екипата на Ајакс секогаш имала млади и квалитетни играчи, играчи кои со своите партии се наметнуваат и прават трансфер во подобри, поголеми средини и првенства од Холандија.
Еден од поквалитетните играчи на клубот од Амстердам во овој момент е Едсон Алварез кој има 23 години и може да покрие повеќе позиции, да игра како централен дефанзивец или последен играч за врска. Тие негови изданија дефинитивно ќе му донесат трансфер во иднина, но во меѓувреме тој откри дека одбил да се пресели во Рен иако во тоа го убедувала неговата сонародничка, познатата холивудска актерка Салма Хајек.
Хајек како сопруга на сопственикот на Рен се впуштила во акција, меѓутоа и тоа не било доволно за Едсон да го напушти Амстердам.
-Беше многу тешко [да се одбие Рен], но на крајот немав никаков сомнеж. Сакам да играм во Лигата на шампионите, против многу големи тимови. И пред оваа сезона бев само вистински стартен играч шест месеци. Тоа е прекратко се се остави неизбришлива трага. Имам уште многу да докажам.
-Да, тоа е точно [Хајек се обиде да ми го смени мислењето]. Како позната сонародничка, таа ми се јави и се обиде да ме убеди да дојдам во Франција. Тоа ме изненади и ласкаше, но мојот избор за Ајакс беше сигурен и тоа и го објаснив. Таа е многу голема и позната актерка, огромна ѕвезда, поради нејзините холивудски филмови низ светот. Ја оценувам многу високо. Таа е пример затоа што како Мексиканка се бореше да стигне до каде што е денес, -рече Алварез за „Де Телеграф“.
-
Италија17 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија18 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет15 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија19 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија12 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија11 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија9 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)