НБА
Џонсон брутално му возврати на член од дрим-тимот: Не вреди да се одговара на некој што не освоил ништо

Ентони Едвардс остави зад себе навистина добра сезона во НБА лигата, но очигледно ѕвезда на Минесота малку се занесе, па почна да се става себеси пред ѕвездите кои доминираа во Америка на почетокот на 90-тите години.
Едвардс не забележа некој посебен учинок на Олимписките игри и потфрли во моментите во кои се издвоија ѕвезди како Кари, Леброн и Дурент, но откако си даде за право да омаловажи голем број играчи од минатото, пристигна одговор и од легендарниот Меџик Џонсон.
– Сите зборуваат за кошарката во минатото, но јас немам гледано натпревари од тоа време. Сите велат дека се играло поцврсто, но јас не верувам дека тие играчи биле поквалитетни од нас.
– Мајкл Џордан бил единствениот добар кошаркар од таа генерација, само тој имал посебни вештини. Токму поради тоа, сите беа воодушевени кога се појави Коби Брајант, не можеа да веруваат што гледаат. За разлика од тогаш, сега сите играчи се квалитетни во НБА лигата, – изјави Едвардс, по што брзо со реакција се јави Џонсон.
– Нема да им одговорам на луѓе кои не освоиле ништо во кариерата. Тој нема освоено шампионски прстен во НБА, не беше шампион ниту во НЦАА лигата, не знам дали воопшто освоил нешто и додека учел во средно, – гласи бруталната порака од Џонсон.
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија15 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет12 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!