Македонија
„Џомба“ за Дерби: Имам конкретна понуда во Македонија, но ќе ви ја кажам вистината …

Десното крило на ракометната репрезентација на Македонија, Гоце Георгиевски, по прекинот на ракометното првенство на Романија се врати во Скопје. Во татковината тој го очекува расплетот на настаните во пост-пандемиската ситуација, а ќе влијаат на неговата идна кариера.
Неговото име е споменувано од медиумите за можен иден трансфер во македонски клуб, поради што и „Дерби“ го побара популарниот „Џомба“ за изјава.
– Веќе извесно време сум во Скопје, но со мислите се уште сум во Букурешт. Мојот тим, ЧСМ Букурешт, редовно не информира за случувањата околу ракометот, кои се моментите со кои се соочуваат и какви ветувања ќе добијат од градските власти за идната година. Вистина е дека ми пристапија повеќе клубови и ме прашаа дали сум слободен. Сепак, само еден наш клуб ми испрати конкретна понуда и договор. Ќе ви ја кажам вистината: се додека не се знае што ќе се случува во Букурешт, ни јас не знам што ќе правам. Не е во прашање личната желба, туку почитувањето на професионалните обврски преземени со претходниот договор,- вели македонскиот ракометар.
Тој укажува дека решението може да биде многу скоро познато, но може и повторно да се одложи.
– Ни беше ветено дека за идната сезона ќе знаеме до крајот на април, но потоа се пролонгираше до крајот на мај. Можеби ќе ни кажат наскоро, можеби ќе потрае уште некое време. Штом дознаам дали клубот ме задржува или ослободува од обврските, ќе можам да бидам и јас конкретен во преговорите со клубовите,- изјави Георгиевски за „Дерби“.
Истовремено, Георгиевски ни кажа дека бил задоволен од минутажата и резултатите постигнати со ЧСМ, но за жал и таму сезоната беше прекината предвреме поради појавата на коронавирусот. Тој беше дел од тимот во настапите од ЕХФ Челинџ купот и беше редовно на листата на стрелците. Воедно, тој беше прогласен за најдобро десно крило и дел од „ол-стар“ тимот во првенството.
Пред да заигра во романската лига, Георгиевски одигра една сезона во дресот на Тулуз, Франција. Неговите најѕвездени моменти беа како првотимец на Металург, чии бои ги бранеше и во епските дуели играни во Лигата на шампионите.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија24 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)