Репрезентација
Џеков: Поседуваме квалитет, но треба да го потврдиме на терен

Младата репрезентација на Македонија до 21 година денеска и официјално ги стартуваше подготовките за претстојните два контролни натпревари со селекцијата на Косово.
Првиот тренинг нашите фудбалери го одработија на стадионот „Борис Трајковски”, во Маџари.
Еден од клучните играчи во одбраната на Силекс и член на младата репрезентација до 21 година, Ѓорге Џеков даде свој коментар за почетокотот на подготовките и двете контролни средби со Косово.
– Верувам дека секој од нас ќе го даде максимумот на овие подготовките, со оглед на тоа што се последни пред почетокот на квалификацискиот циклус за пласман на Е.П.
– Имаме позитивен период позади нас, одработивме добри подготовки во Анталија. Косово е добра селекција и незгоден противник, но ние сакаме на двата натпревари да оствариме позитивен резултат.
– Мислам дека покажавме на претходните два контролни натпревари во Анталија дека како селекција поседуваме квалитет. Пред нас се квалификациите за Е.П., верувам дека можеме да се оствариме добар пласман.
– Самите тренинзи и подготовки се на едно високо професионално ниво, имаме одлична комуникација и соработка со селекторот и неговиот стручен тим.
– Ќе вложиме многу труд, борба и посветеност во текот на периодот што следи, а се со една цел, да бидеме максимално подготвени за стартот на квалификациите, -вели Џеков.
Репрезентацијата на Македонија до 21 година на 28 мај, со почеток во 19. часот го игра првиот контролен натпревар со Косово во Приштина. Втората контролна средба на програмата е на 31. мај, во Скопје, со почеток во 15. часот.
-
Италија11 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија12 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија13 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија6 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија5 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет9 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија10 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Англија12 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч