Македонија
Две македонски легенди: Лазаров ја пречека Индира во „Куќата на славните“ на ЕХФ (Фото)

Кирил Лазаров беше првиот македонски претставник кој се најде во елитната „Куќа на славни“ на ЕХФ, статуст првично го добија 50-тина познати ракометари и ракометарки за големи спортски заслуги на ракометна сцена.
Неповторливиот Лазаров беше дел од првата гарнитура која доби место во посебно друштво во ракометна Европа, но сега истиот статус го доби уште една македонска легенда.
ЕХФ уште пред две недели најави дека Индира Кастратовиќ ќе биде дел од свечената церемонија во Виена на која ќе бидат промовирани новите членови во „Куќата на славните“, па славната ракометарка на Македонија и Кометал Ѓорче Петров денеска се појави на гала вечерта.
Интересно, Кирил Лазаров како прв македонски член џентлменски ја пречека популарната Инди, па така легендарната македонска ракометна двојка гордо позираше во Австрија.
Во продолжение, целосниот список на ракометни легенди кои денеска влегоа во „Куќата на славните“:
Список на легенди (мажи и жени) кои влегоа во „Куќата на славните“:
ГОЛМАНИ
Андреас Тиел / Германија
Матс Олсон / Шведска
Дејан Периќ / Србија
Луминица Хуцупан Дину / Романија
ЛЕВО КРИЛО
Герго Иванчик / Унгарија
ЛЕВИ БЕКОВИ
Никола Карабатиќ / Франција
Микел Хансен / Данска
Кармен Амариеи / Романија
Ања Андерсен / Данска
ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ
Љубомир Врањеш / Шведска
Енди Шмид / Швајцарија
Миа Хермансон-Хогдал / Шведска
Стине Офтедал Дамке / Норвешка
ДЕСНИ БЕКОВИ
Фолкер Цербе / Германија
Стафан Олсон / Шведска
Индира Кастратовиќ / Македонија
Марта Манге / Шпанија
ДЕСНИ КРИЛА
Лук Абало / Франција
Иван Чупиќ / Хрватска
ПИКЕРИ
Игор Вори / Хрватска
ДЕФАНЗИВЦИ
Виран Морос / Шпанија
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план