Поврзете се со нас

Светски првенства

Дресот на Данска за СП носи темна порака: Протест кон турнирот кој уби илјадници луѓе! (Фото)

Објавено

на

„Хумел“ со години наназад е горд спонзор на данската фудбалска репрезентација, но иако честа да се биде виден на големо натпреварување како мундијал е огромна, познатиот дански бренд сега изведе неверојатен потег во знак на револт кон Светското првенство во Катар.

Познатата марка го тонираше својот амблем и грбот на фудбалската Федерација на Данска во боите на дресот со цел да останат невидливи за јавноста, бидејќи како што велат самите, не сакаат да бидат во фокусот на турнир кој чинеше илјадници човечки животи.

Ерик Кантона поради загубените животи на мигранти при изградба на стадионите нагласи дека нема да го гледа мундијалот во Катар, а во иста насока оди и моќната порака која ја испрати „Хумел“.

– Со новиот национален дрес на Данска, сакаме да испратиме двојна порака. Тие не се инспирирани само од Европското првенство во 1992-ра година кога се оствари историскиот успех, во нив се крие и протест против Катар и човековите права. Поради тоа ги тониравме сите детали на дресот на Данска со иста боја како дресот, вклучувајќи го и нашето лого. Не сакаме да бидеме видени на турнир кој чинеше илјадници човечки животи. Го поддржуваме данскиот национален тим по секоја цена, но не го поддржуваме Катар како домаќин на турнирот. Веруваме дека нашиот спорт треба да остане сплотен, а кога не е така, сакаме да испратиме порака, – гласи објавата на Данска, по која беше претставен и третиот дрес во црна боја.

– Црна. Бојата на жалоста. Совршена боја за третиот дрес на Данска за овогодинешното Светско првенство. Иако ја поддржуваме репрезентацијата на Данска докрај, ова не треба да се меша со поддршката за турнирот кој ги чинеше живот илјадници луѓе. Сакаме да излеземе со наш став за човековите права на Катар и односот кон работниците мигранти кои ги изградија стадионите на Светското првенство во земјата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни