Лига Европа
Драма во Лига Европа: Шомуродов предизвика ерупција на „Олимпико“, Лацио победи со два црвени картони (Видео)

Фудбалската вечер во Лигата на Европа на крајот ја одбележаа двата римски клуба кои се натпреваруваат во вториот по ранг европски турнир, откако и Рома и Лацио успеаја да извојуваат победи со голови во судиските продолжение.
Кога сите мислеа дека Рома и Атлетик Билбао ќе одат со 1:1 на реваншот на „Сан Мамес“, Елдор Шомуродов се најде на вистинско место и успеа да се снајде по додавањето од Салемакерс, погодок со кој Узбекистанецот донесе важна победа од 2:1 за „волчицата“.
Голот на Шомуродов предизвика ерупција на „Олимпико“ бидејќи станува збор за буквално последна акција на натпреварот, по што стана јасно дека Рома ќе отпатува со минимална предност во Баскија.
Клаудио Раниери на овој начин ја продолжи својата импресивна серија на резултати и вечерва доживеа уште еден пресврт на своите фудбалери, кои и овојпат се вратија по првиот гол на Ињаки Вилијамс. Напаѓачот на Атлетик погоди за 0:1 во 50-та минута, но Анхелињо одговори 6 минути подоцна и резултатот 1:1 беше активен се до моментот на одлука од Шомуродов.
Победа од 2:1 оствари и Лацио на гостувањето кај Викторија Плзен, и тоа во натпревар во кој на крајот играше со двајца играчи помалце. Гостите од Рим поведоа со голот на Ромањоли, Дуросинми израмни на 1:1, по што следеше црвен картон за Ровела поради остарт старт. Во 93-та минута, Лацио остана со девет играчи на теренот поради исклучувањето на Гижо, но и во такви услови постигна гол преку Исаксен и се избори за неверојатна победа во 98-та минута.
Головите од „Олимпико“ погледнете ги ТУКА
Драматичната победа на Лацио погледнете ја ТУКА
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија14 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија15 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија7 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП6 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч