Поврзете се со нас

Мото ГП

„Докторот“ се одјави од Јамаха, новата иднина е се поблиску!

Објавено

на

Финишот на натпреварувачката сезона во Мото ГП донесе и крај на една неверојатна соработка која траеше цели 15 години. Валентино Роси по деценија и половина ќе го напушти тимот на Јамаха со кој оствари бројни успеси во својата кариера.

„Докторот“ беше клучен член на Јамаха во два подолги периоди, еден од 2004 до 2010 година, а потоа и од 2013 до сегашната, 2020 година.

Валентино Роси започна да вози во Јамаха во 2004 година, носејќи пресврт за овој конструктор по долгата доминација на Хонда. Меѓу двете етапи со Јамаха имаше и имаше двегодишна авантура со Дукати, по што се врати во старото јато каде остана до денес.

Неговата листа на успеси со Јамаха е неверојатна, освои четири Мото ГП првенства на моторот на овој тим, 56 пати се радуваше на победата, а дури 142 пати се искачи на подиумот во вкупно 255 трки кои ги извоза за Јамаха. Во тие години тој извојува победи над возачи како Макс Бјаџи, Сете Гиберно, Ники Хејден, Дани Педроса, Кејси Стонер, Хорхе Лоренцо и други.

Сега Роси ги искористи социјалните мрежи уште еднаш да се поздрави со тимот и луѓето од тимот кои му дадоа толку многу во овие 15 години заедничка и плодна соработка.

– Благодарам Јамаха за незаборавните 15 години. Беше навистина забавно, уживав во секој момент. Ние бевме навистина одличен тим, -кратко напиша Роси на својот Твитер профил.

Инаку, Валентино Роси кариерата ќе ја продолжи во тимот на малезискиот тим, Петронас Јамаха Сепанг тим, каде ќе биде клупски колега со Стефано Морбидели, при што фабриката му гарантираше дека ќе има на располгање идентичен мотор како возачите на нивниот фабрички тим, Вињалес и Квартараро. Дополнително, тој веќе е сопственик на екипа во пониските категории, при што ќе се обиде на младите таленти да им пренесе дел од своето знаење и искуство.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни