Шпанија
Добри вести за каталонците: Барселона ќе потпише нови договори со големите таленти (ВИДЕО)
Барселона се обидува да изгради едно нова победничка генерација, генерација од која се дел многу млади играчи кои играат клучна улога иако се уште се во рана фаза на нивните сениорски кариери.
Педри и Гави се двајца фудбалери без кои не може да се замисли почетната постава на шпанскиот првак, а по нивните стапки сега одат Алехандро Балде и Ламине Јамал. Балде веќе е стандарден на таа лева бековска позиција, неговата улога ќе биде уште поголема во оваа кампања со оглед на тоа што сега веќе го нема Жорди Алба.
Јамал пак е талент кој сериозно се пробива во тековнава кампања, добива се поголема минутажа, па дури стигна и до сениорската шпанска репрезентација и покрај тоа што има само 16 години.
Токму овие двајца во наредниот период официјално ќе добијат нови договори на „Камп Ноу“. Фабрицио Романо информира дека се е договорено и само е прашање на време кога зделките ќе бидат објавени.
Балде ќе се обврзе на договор до 2028 година, додека Јамал ќе го добие она што е максимално во оваа фаза, соработка до 2026 година.
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија18 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)