Македонија
Дисингер: Се случи „чудо“, во Вардар се оди во вистинска насока

Кристијан Дисингер e еден од играчите кој останува во таборот на Вардар и во наредната сезона во која клубот ќе има нов сопственик во иметот на господинот Михајло Михајловски.
Германскиот бек се одлучи да остане во Скопје од проста причина што верува дека се ќе биде како што треба во поглед на финансиите, но и секако фактот што „црвено-црните“ повторно ќе имаат високи амбиции.
-Се е завршено со мојот менаџер и претседателот Михајло Михајловски, останувам во Скопје уште една сезона, -истакна Дисингер кој е радосен што се случи „чудо“, односно се сменија работите во позитивна насока.
-Пред полуфиналето со Барселона во ЛШ реков дека чуда се случуваат. Овде навистина се случи чудо. Се тргна во вистинска насока. Една работа беше јасна, не сакав да доживеам сезона како минатата. Не беше забавно, немаше пари со месеци, беше тешко да се фокусирате на ракомет.
-Новиот претседател Михајловски не увери дека секој месец ќе имаме плата. Немам причина да се сомневам во него, затоа што тој е сериозен човек. Не сум единствениот човек што тоа го мисли, многу момци останаа како Стоилов, Чупиќ, Дибиров. Сакаме да му дадеме шанса на овој проект, веруваме дека ќе изградиме нешто ново заедно со помладите играчи, -рече Германецот.
-
Италија12 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија13 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија7 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Свет10 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија4 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)