Балкан
Динамо брзо најде замена за Чачиќ: Поранешен играч на Ливерпул ќе му биде тренер на Ристовски
Срамниот пораз од Шибеник и елиминацијата во Купот го оставија Динамо без шанса да се бори за „двојната круна“ во Хрватска, но иако првично не беше објавено, клубот соопшти дека тоа е последниот натпрвар на Анте Чачиќ како тренер на првиот тим.
Искусниот стручњак добиваше доста критики изминативе месеци и беше посочен како главен виновник за неатрактивниот фудбал кој го игра Динамо, а по заминувањето на капитенот Аријан Адеми, брзо стигна и првата голема криза во Загреб.
Динамо денеска информираше дека Анте Чачиќ е веќе минато, но експресно пристигна и информацијата за неговиот наследник, кој сепак не е оној кој го најавуваа дел од медиумите.
Утринава се појавија шпекулации дека Динамо ќе биде воден од поранешниот тренер на Шкендија, Рој Ференчина, но оваа опција дефинитивно отпаднала и нов тренер на Стефан Ристовски и соиграчите ќе биде поранешен фудбалер на Ливерпул.
Станува збор за легенарниот Игор Бишчан, добро познато име во хрватскиот фудбал кој кариерата ја започна во Динамо, а последно работеше како селектор на У-21 селекцијата на Хрватска.
Бишчан требаше да го води младиот хрватски тим на Европското првенство ова лето, но наместо тоа, сега ја добива улогата на шеф на стручниот штаб во Динамо.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план