Поврзете се со нас

АТП

Димитров го прекина молкот и првпат се огласи за еден од најтешките моменти во кариерата (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Григор Димитров ја имаше најлошата можна среќа во осминафиналето на Вимблдон, бидејќи во моменти кога се чинеше дека е на добар пат да режира сензација, за жал заработи тешка повреда која го натера да го предаде мечот.

Јаник Синер профитираше од несреќата на Бугаринот и се пласираше во четвртфиналето без освоен сет, а неколку дена подоцна, стана јасно дека Италијанецот ќе игра во големото финале и ќе се бори за титулата.

Синер денеска го победи Новак Ѓоковиќ и закажа нова финална пресметка со Карлос Алкарас, но исто така денеска, Бугаринот за првпат се огласи за тешката повреда која ја заработи кога водеше 2:0 во дуелот со светскиот рекет број еден.

– Понекогаш срцето сака да продолжи, но универзумот има поинаков план за нас. Повлекувањето на мечот на Вимблдон беше еден од најболните моменти во мојата кариера.

– Ви благодарам за големиот бран љубов, од семејството, пријателите, фановите, колегите, од цела тениска заедница… вашите пораки навистина ми го кренаа духот во овие тешки времиња. Ви благодарам на сите. Опоравувањето започна, се гледаме наскоро, – порача Димитров.

Како што јави неговиот менаџер, Димитров има парцијално кинење на мускулот во пределот на градите, па негово враќање на терените се очекува на Ју-Ес Опен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни