Евролига
Димитријевиќ во одбрано друштво на играчи на кои треба да се внимава во Евролигата

Денеска започнува новата сезона во Евролигата, а активен во првиот ден ќе биде македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој со неговиот Олимпија Милано гостува кај амбициозниот Монако.
Таа средба е закажана за 19 часот, средба на која Нено се очекува да дебитира во елитното натпреварување, најквалитетната кошаркарска конкуренција на стариот континент.
Пред самиот старт на кампањата, специјализираниот сајт за кошарка „Eurohoops” објави Топ 5 листа на играчи на кои треба да се внимава во сезоната 2024/2025, пет играчи дебитанти, а меѓу нив е Димитријевиќ, но и уште еден македонски репрезентативец Ти-Џеј Шорс од Париз.
-Димитријевиќ пристигна во Олимпија Милано откако во 2023 и во 2024 година стигна до МВП признанија во ВТБ-лигата, еднаш во сезоната, еднаш во плејофот. Погодете што? Во првото официјално натпреварување за новиот тим – тој го освои МВП признанието во триумфот на Милано во Супер Купот на Италија. Каков начин да се започне новата приказна. Димитријевиќ веќе се наметнува како еден од лидерите на тимот на Милано и би можел да биде факторот што му недостигаше на овој клуб за конечно да се врати назад во плејофот, а зошто да не можеби и на фајналфор турнирот, -стои во објавата за Нено.
Освен Димитријевиќ и Шортс во најтесниот избор на „руки“ кошаркари на кои мора да им се посвети внимание се и Еван Фурние од Олимпијакос, Карлик Џонс од Партизан и Рејџон Такер од Виртус Болоња.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет17 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…