Свет
Димитријевиќ одново двоцифрен, Хувентуд го претрпе вториот сезонски пораз во Шпанија
Хувентуд го претрпе вториот пораз во шпанската Ендеса Лига на гостувањето во Тенерифе, откако не успеа да се справи со истоимениот тим во возбудливиот меч со кој беше затворена саботната програма.
Во пресметка во која на крајот одлучуваа нијанси, како поуспешни се покажаа домашните кошаркари, кои со минималниот триумф од 86:82 го задржаа максималниот учинок по пет одиграни меча и останаа на врвот на табелата во домашното првенство.
За разлика од Тенерифе, за тимот од Бадалона за кој настапува и нашиот Ненад Димитријевиќ ова беше втор пораз во шпанската елита, откако претходно загуби во дуелот со големиот Реал Мадрид.
Нашиот репрезентативец вечерва мина 20 минути на паркетот и беше еден од четворицата играчи на Хувентуд кои имаа двоцифрен учинок, завршувајќи го мечот со 10 постигнати поени.
Нено беше одличен во рекетот и имаше реализација 3 од 4, додека не му одеше од линијата зад три каде од четири обиди, погоди само еднаш. Покрај него, двоцифрени во Хувентуд беа Басас, Бродзиански и Томиќ кој воедно беше и најефикасен на паркетот со 18 поени.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план