Европски купови
Димитријевиќ е втор најталентиран играч во Еврокупот
Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е избран за втор најдобар, најталентиран млад играч во Еврокупот.
Во категоријата „Ѕвезди во подем“ Димитријевиќ доби 16.7% од гласовите во истражувањето кое го реализираат генералните менаџери на тимовите во ова натпреварување. Пред членот на шпански Хувентуд e само Виктор Вембанјама од Нантер ( доби 20.8% од гласовите)за кога веќе има сериозен интерес од НБА, поточно голем број од клубовие сакаат да го видат во нивните редови со оглед на неговте карактеристики и потенцијал.
Воедно испитаниците сметаат дека екипата од Бадалона (25% од гласовите) е една од најзабавните за гледање, заедно со Виртус Болоња (37.5%), и еден од најтешките противници во Еврокупот, исто така во тесна конкуренција со тимот од Болоња.
Соиграчот на Димитријевиќ, Анте Томиќ пак е еден од најсериозните кандидати за МВП титулата. На високиот Хрват му се даваат 20.8% од шансите, додека далеку напред е Милош Теодосиќ. За предводникот на „црно-белите“ од Болоња гласале 41.7% од анкетираните менаџери.
Неговиот тренер, Карлес Дуран, заедно со Александар Ѓорѓевиќ од Виртус Болоња, е еден од двајцата најдобри тренери.
Милош Теодосиќ е и најдобриот додавач во ова натпреварување, крилото на белградски Партизан, Рашон Томас е најдобриот одбранбен играч, додека пак Џамар Смит од Уникс е најдобриот шутер.
Францускиот Бург е најпријатното изненадување во првиот дел од сезоната
На крајот, очекувањата се дека завршниот меч во оваа конкуренција ќе го играат екипите на Виртус Болоња (95.8%) и Уникаха од Малага (45.8%).
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)