Поврзете се со нас

Македонија

Дербито без победник, Спиркоски донесе радост за Пелистер

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FC.PelisterBitola

Екипите на Беса 1976 и Детонит Плачковица (0-0) одиграа без победник во дерби средбата од 20. коло во Втората македонска лига.

Ова за Беса се први загубени бодови на домашен терен во актуелнава сезона, но без разлика на тоа останува на првата позиција со 51 поени, поточно е главен кандидат за влез во елитната домашна конкуренција.

Пелистер пак го заборави поразот од Детонит и тоа со славје над Кожуф од 1-0. Единствениот гол вреден три бода беше дело на Спиркоски во 6. минута.

Резултати 20.коло:
Беса – Детонит 0-0
Пелистер – Кожуф 1-0
Арсими – Караорман 3-0
Башкими – Новаци 1-0
Скопје – Вардар Неготино 1-0
Охрид – Осогово 5-0
Победа – Беласица 0-0
Тетекс – Каменица Саса 1-3

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни