Франција
Дел Пјеро за голот кој му беше поништен на Кварацхелија: Тоа е смешно (Видео)

Квича Кварацхелија беше најопасен играч на ПСЖ во првото полувреме, но грузиската ѕвезда во два наврати беше сопрен од Алисон Бекер, а еднаш му беше поништен и гол поради минимален офсајд.
Повторената снимка покажа дека Грузиецот е во милиметарски офсајд, па за поништени голови како овој и доста слични, Арсен Венгер веќе подолго време бара промена на правилото во фудбалот.
Таканареченото „Венгер правило“ би му дало предност на напаѓачот во вакви милиметарски ситуации, а очигледно зад предлогот на легендарниот стручњак стои и Алесандро Дел Пјеро.
– Голот кој му беше поништен на Кварацхелија ме тера да се смеам. Тоа е смешно. За мене е неверојатно тоа што се свири офсајд за такви маргинални ситуации.
– Голот кој го постигна Квича беше извонреден, успеа да ја прими топката перфектно и имаше доволно простор за да шутира со левата нога. Точно знаеше каде е голот и имаше перфектен тајминг при изведувањето на шутот. Вистинска штета е што се поништи таков убав гол, – вели Дел Пјеро.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план