Поврзете се со нас

Шпанија

Дел Боске откри како бил замолчен од Гути: Побарав да ја потстрижи косата, но…..

Објавено

на

Foto:x.com/cdcastellon

Висенте Дел Боске освои по две титули во Ла Лига и Лигата на шампионите како тренер на Реал Мадрид, но потоа стана и национална гордост во Шпанија откако го водеше тимот до историска светска титула.

Дел Боске беше креатор на тимот кој го освои мундијалот во 2010-та година и поради тоа неговото име со златни букви е испишано во шпанската фудбалска историја, но несомено е и тоа што тој е жива легенда на Реал Мадрид.

Висенте четири години го водеше првиот тим на Реал и одлично се справуваше со голем број ѕвезди, но сега самиот признава дека посебен однос имал со играчите кои се излезени од школата.

Таков беше примерот со Хосе Марија Гути, а навраќајќи се 25 години во минатото, Дел Боске сподели еден уникатен момент кој го имал со играчот за врска.

– Кога дојде ред да бидам тренер на Реал, Гути многу беше приврзан за Редондо и тој беше негов идол. Гути го привлекуваше вниманието со својот талент, но и со својата коса. Се сеќавам дека му реков да си ја потшиша косата, но се сеќавам и на одговорот кој ми го даде….. Ми порача дека ќе се потшиша кога јас ќе си го избричам бркот. Од тој момент веќе не му проговорив за косата, – открива Дел Боске.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни