Германија
Дејвис со оценка за работата на Компани во Баерн: Секој тренинг е битка…

Венсан Компани помалку и неочекувано доби шанса да седне на кормилото на Баерн Минхен и тоа по една тешка сезона на германскиот великан кој остана без ниту една титула како на домашната така и на меѓународната сцена.
Се споменуваа повеќе фудбалски стратези како наследници на Томас Тухел, за некои се говореше и дека е завршена работата и доаѓаат во Минхен за да на крајот Компани ја добие довербата и тоа по кампањата во која со Барнли испадна од Премиер лигата.
Многу прашања, коментари и реакции имаше за неговото назначување пред се во поглед на искуството и фактот што е релативно на почетокот на тренерската кариера, но засега Белгиецот добро работи, функционира и она што е најважно ја држи соблекувалната под контрола и играчите се задоволни.
-Тој е многу брилијантен човек. Начинот на кој играме сега е многу интензивен. Тој го избира најдобриот тим и најдобрите играчи за да ги стави во тимот што добро тренира. Секој тренинг е битка за стартното место. Ништо не е загарантирано. Начинот на кој зборува со тимот, тој е љубезен, но цврст. Тој има идеи и ние добро ги извршуваме, -вели бекот Алфонсо Дејвис.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…