Македонија
Дејан се враќа на сцената: Манасков потпиша за Еурофарм Пелистер

Дејан Манасков конечно го реши клупското прашање и тоа со ангажман во актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер.
Левото крило немаше клуб од крајот на минатата сезона или поточно откако му заврши договорот со Вардар 1961. Сега отвара нова страница во неговата кариера и ќе игра за тимот за кој своевремено настапуваше неговиот татко, легендарниот Пепи.
-Неговото презиме предизвикува емоција кај армијата наши навивачи. Манасков пак ќе постигнува голови во дресот на Пелистер! Задоволство ни е што по децении и децении уште еден Манасков е наш член, -порачаа од Пелистер.
Деки својата кариера ја започна во Металург по следуваа ангажмани во Германија (Вецлар и Рајн Некар Левен), враќање во Македонија (Вардар), потоа замина во Унгарија каде пет години беше дел од Веспрем за да потоа преку „црвено-црните“ стигне во Битола.
Тој утре ќе го има првиот тренинг со новите соиграчи.
-
Италија22 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план