Шпанија
Дефанзивецот на Реал кој направи катастрофална грешка против ПСЖ им се извини на фановите (Фото)

Реал Мадрид се прикажа во катастрофално издание против ПСЖ во полуфиналето кое се одигра пред два дена, но посебно лоши беа играчите во последната дефанзивна линија, односно Антонио Ридигер и Раул Асенсио.
Двајцата направија ужасни грешки со кои кумуваа за првите два погодоци на ПСЖ, па иако ова се покажа како сезона од соништата за младиот Асенсио, сега самиот им се извини на фановите и порача дека истата ја завршил на најлош можен начин.
Талентираниот стопер беше од огромна помош за Карло Анчелоти и се покажа како решение за голем број проблеми, но повеќе од јасно е дека се уште има многу за учење и напредување во фазата на одбрана.
– Мадридисти, се стави крај на сезона во која си го остварив сонот и во кој станав дел од најдобриот клуб во светот, но истата заврши на начин на кој најмалку посакував.
– Жалам што не бев на ниво на Светското клупско првенство на кое се бараше максимум, но сега е момент за исклучување и полнење на батериите. Ви посакувам среќен одмор на сите, Хала Мадрид, – порача Асенсио.
-
АТП22 часа
Федерер долго размислуваше и прогнозираше кој ќе ја добие битката меѓу Ѓоковиќ и Синер (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП19 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Европски првенства23 часа
Младинците се „исклучија“ во последниот период и претрпеа тежок пораз од Холандија
-
Шпанија18 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија17 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Шпанија2 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
АТП14 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!