Италија
Де Роси имаше емотивна вечер, па соопшти: Наинголан се враќа во италијанскиот фудбал
Италијанската Серија Б оваа сезона е побогата за многу звучни имиња во фудбалот, не само на теренот, туку и на клупата каде има доста познати лица.
Вчерашниот натпревар меѓу Калјари и СПАЛ донесе средба на двајца добри познаници, односно Клаудио Раниери и Даниеле Де Роси. Раниери во 2019-та година беше сведок на последниот натпревар кој го одигра Де Роси за Рома, а вчера го пречека како домаќин во Сардинија и имаше навистина емотивна прегратка меѓу двајцата.
На крајот, учителот го победи ученикот и Калјари славеше со резултат 2:1, но по средбата, Де Роси го привлече вниманието и со изјавата која ја даде за големото зимско засилување кое ќе го добие во својот СПАЛ.
– Ова беше навистина многу емотивна ноќ за мене. Фудбалот ми носи емоции кои ме прават жив. Го прегрнав тренерот Клаудио и не сакав да го пуштам.
– Добра вест е што го видов и Наинголан. Веќе подолго време мислев на Раџа и ќе зборуваме за него откако ќе го одработи првиот тренинг со нас во понеделник. Тој се враќа во италијанскиот фудбал, но ќе видиме во каква форма е во моментов. Мислам дека ќе треба некое време за да се врати во нормала, – изјави Де Роси.
Ranieri & De Rossi 🫂❤️
Non ce la facciamo, troppi ricordi 😭#CagliariSpal #SerieBKT #DAZN pic.twitter.com/8wlRX275rr— DAZN Italia (@DAZN_IT) January 27, 2023
-
Италија13 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија13 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија14 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија8 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија6 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП5 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Свет11 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија14 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч