Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис со позитивни вести за тифозите на италијанскиот шампион: Набрзо ќе пристигнат многу засилувања

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Аурелио Де Лаурентис успеа да го наговори Антонио Конте и да го задржи во Наполи со ветување дека ќе има многу поконкурентен тим, но до раната фаза на месец јули, италијанскиот првак потврди само две засилувања.

Конте традиционално вели дека најдобро е подготовките да се започнат со играчи кои ќе бидат дел од проектот, па иако малку веројатно е дека цела трансфер стратегија ќе биде затворена до првиот собир, сега Аурелио Де Лаурентис нагласи дека набрзо ќе пристигнат многу добри вести за фановите.

Наполи досега ги потврди Лука Марианучи и Кевин Де Брујне како први две летни засилувања, но газдата на клубот вели дека тоа е само почеток на возбудувањата кои следат.

– Немој да се сомневате, набрзо ќе пристигнат голем број нови фудбалери во Наполи. Конте е фантастичен тренер, тој е најдобриот што можевме да го замислиме.

– Реши да остане со нас и вклучен е во проектот. Цврсто се држиме до него и сите планови за нови играчи се одобрени од него, – вели Де Лаурентис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни