Италија
Де Лаурентис ја потврди тренерската смена во Наполи пред дербито со Барселона
Наполи има навистина турбулентна сезона во кампањата во која го брани приматот на италијански шампион, па откако Аурелио Де Лаурентис му врачи отказ на Руди Гарсија во месец ноември минатата година, сега го направи тоа и со Валтер Мацари.
Искусниот стручњак не успеа да ги поправи изданијата и резултатите во овој краток временски интервал, а претседателот Де Лаурентис почувствува дека е време за промена во навистина специфичен момент.
Неполни 48 часа пред осминафиналето со Барселона, италијанските медиуми пренесоа дека Мацари е минато и дека Франческо Калцона ќе биде негов наследник, информација која официјално ја потврди и Де Лаурентис.
– Валтер Мацари е пријател и ќе остане пријател на семејството Де Лаурентис и секако на Наполи. Тоа е болно збогување бидејќи беше многу корисен за нас во тежок период, но мораме да земеме предвид и дека на навивачите на Наполи им треба нешто повеќе. Сега ќе се обидеме со Калцона кој работеше со Сари и Спалети и кој знае 80 проценти од играчите во првиот тим, – изјавил Де Лаурентис за „Скај“.
Калцона е селектор на Словачка и претходно доби зелено светло од оваа Федерација да ги извршува двете функции, а засега останува непознато дали дел од неговиот стручен штаб ќе биде и легендарниот Марек Хамшик.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија21 час
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија14 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон