Лига на шампиони
Де Јонг: Нема разлика во талентот меѓу Барселона и Баерн, разликата е во нешто друго
Френки Де Јонг е еден од ретките играчи на Барселона кои излегоа со изјава по засрамувачкиот потоп во Лисабон, па иако само една година е на „Камп Ноу“, Холанѓанецот ја повтори тезата на Жерард Пике и нагласи дека се потребни големи промени во клубот.
Надежниот играч за врска се претопи во сивилото на Барселона и едноставно беше непрепознатлив на теренот во ситуација кога играчите на Баерн Минхен доминираа во секој поглед, а иако до овој меч многумина се обидуваа да ги занемарат вистинските проблеми во тимот и клубот, веќе нема простор за такво нешто.
– Мислам дека овојпат се докажа дека имаме големи проблеми како тим. Знаеме дека се потребни големи промени и веќе тоа не треба да се крие. Нависитна е многу тешко, мора да побараме прошка од навивачите, – започна Де Јонг и додаде.
– Искрено, во првите 20 минути мислевме дека можеме да победиме. Тие дадоа ран гол, ние одговоривме и имавме две добри шанси.
– Сепак, тие беа многу подобри од нас. Нема разлика во талентот меѓу Барса и Баерн, се работи за интензитет во играта и напорна работа како колектив. Мора да ги промениме овие работи, разочарувањето е огромно, не само за мене, туку за целиот клуб, – заврши Де Јонг.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет19 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија22 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија13 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план