Италија
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина

Фиорентина денеска ја извести јавноста за оифијално враќање на Стефано Пиоли на клупата на „виолетовите“, а неколку часа подоцна, значително се интензивираа шпекулациите дека искусниот италијански стручњак одобрил една операција за која интересно задолжен е Давид Де Хеа.
Клубот од Фиренца максимално профитираше од ангжманот на Де Хеа и му обезбеди нов договор на трофејниот голман, кој според информациите од чизмата, сега има за задача да убеди еден поранешен соиграч од Јунајтед да го следи неговиот чекор.
Виктор Линделоф беше едно од звучните имиња со кои Јунајтед се поздрави на крајот на сезоната, а во ситуација кога има улога на слободен агент, Фиорентина сака да го доведе без отштета како големо засилување во одбраната.
Искусниот стопер може да донесе квалитет и големи се шансите дека ќе му прилега фудбалот во Серија А, првенство каде се игра доста побавно во споредба на тоа што тој веќе го навикна во Премиер лигата.
Линделоф шест години ја делеше соблекувалната со Де Хеа на „Олд Трафорд“, па сега останува да се види дали ќе го прифати повикот од голманот кој успеа да се препороди откако заигра за „виолетовите“.
-
Италија8 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија9 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија10 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија9 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија7 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Свет6 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Балкан7 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Шпанија11 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив