Англија
Де Бур со загрижувачка анализа за еден играч на Јунајтед: Шампион за губење топки

Фран Де Бур имаше респектабилна играчка кариера во која успеа да освои големи титули како Лигата на шампиони и Ла Лига, но како тренер не ужива таков статус и во англиската јавност важи за најлош менаџер во историјата на Премиер лигата.
Таквиот прекар му беше доделен од Жозе Мурињо и беше општоприфатен од англиската јавност, а тоа е последица на катастрофалниот рекорд кој го имаше како менаџер на Кристал Палас. Де Бур забележа четири порази без тимот да даде еден гол и експресно заработи отказ, а тоа беше доволно за да добие прекар кој воопшто не е пријатен.
И покрај тоа, Де Бур како аналитичар за „ВиаПлеј“ имал можност да биде на „Олд Трафорд“ во неделата, а правејќи анализа за тоа што го видел на теренот, посебно ги загрижи фановите на Јунајтед со заклучокот за Џошуа Зиркзе.
– Јас го ставив фокусот на Зиркзе, тој имаше кошмарен меч против Тотенхем, тоа беше шокантно за гледање во секој поглед. Колку пати направи погрешен потег на теренот? Не можев ниту да бројам……
– Испрати еден шут кон голот, но воглавно беше шампион за губење топки. Го гледав и пред мечот, за време на загревањето. Шутираше кон голот и ниту еднаш не ја погоди мрежата. Искрено, не го погоди голот ниту еднаш и тоа беше ужасно за гледање. Напаѓачите немаат луксуз да губат топки, а тој цело време го прави тоа, – анализира Де Бур.
-
Италија21 час
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија16 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Италија22 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија15 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет20 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија23 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Англија14 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Шпанија23 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план